Мемети: Да се донесе Закон за отворање на досиејата за заштитените сведоци

by fokus

Според Народниот правобранител, Иџет Мемети, кој е дел од Советот за реформи во правосудството, усвојувањето на Закон за отворање на досиејата за заштитните сведоци би разјаснил многу случаи за кои постојат сомнежи дека се монтирани, објави Алсат-М.

„Прашањето за Законот за заштитните сведоци во Македонија остави многу сомнежи и јас како Народен правобранител ќе инсистирам овие случаи да се отворат бидејќи сметам дека има многу жртви и по нивно отворање многу нешта ќе станат јасни. Ова особено е во интерес на Албанците, бидејќи тие најмногу реагираа за судски процеси кои не биле транспарентни и имало сомнежи“, изјави Мемети.

Тој додава дека ќе инсистира да се усвои и Закон за амнестија, бидејќи според него, има случаи каде е постигната целта со казнувањето.

 

Поврзани новости