482
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговори на вчерашните обвинувања на протестот на ВМРО-ДПМНЕ за економијата.
-Работа на опозицијата е да критикува, се надевам дека ќе дојдат на ниво да разговараат со аргументи, тоа ќе биде доволно за да ги сузбиеме неаргументираните и неосновани критики. Македонските граѓани се интелигентни, можат да ја видат вистината. За економијата не требаат многу чести избори, рече Анѓушев.
Вчера опозицискиот лидер Христијан Мицкоски обвини дека економијата е на многу лошо ниво и рече дека власта не знае да менаџира со финансиите.