Повратокот на ДДВ најпрво ќе биде пуштен како пилот-проект во неколку општини, рече Анѓушев

by fokus

Проектот за повраток на ДДВ најпрво ќе биде пуштен како пилот-проект во неколку општини, а потоа ќе се види како ќе функционира, рече вицерпремеирот Кочо Анѓушев.

-Кај данокот на имот нема да има золемување, тој е приход на општините, што сметам дека е добро и квалитетно за процесот на децентрализација. Во врска со повраток на ДДВ, тоа е проект кој се размислува како да не влијае негативно ниту на буџетот ниту на граѓаните. Мислам дека најпрво ќе се пушти како пилот-проект во неколку општини, рече Анѓушев кој додаде дека целосни информации можат да се добијат од министерството за финансии, бидејќи тоа е проект на министерството.

Поврзани новости