Гаспром: Продолжуваме да ја снабдуваме Европа со гас преку Украина

by fokus

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Компанијата објави дека барањата за испорака до денес изнесуваат 106,6 милиони кубни метри, пренесува Ројтерс.

Рускиот гас сочинува околу 40 отсто од увозот на природен гас во ЕУ.

Соопштението е објавено откако Бугарија кажа дека нема да го обнови договорот за испораки на природен гас со рускиот енергетски гигант „Гаспром“ поради војната во Украина и ќе ги разгледа алтернативните испораки и идниот заедничкиот договор со Европската унија за да го избегне недостигот од овој енергенс.

Поврзани новости