Англија ги укинува сите мерки против корона

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на Ковид-19, јави Блумберг.

-Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома, изјави денеска Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека бесплатната услуга за тестирање на коронавирус ќе престане да биде достапна од 1 април.

Поврзани новости