Проблемот е глобален, а во различни земји се превзедоа различни мерки, некои ја штитеа економијата, некои здравството, нашата Владата го избра здравјето, а потоа се превземаат мерки за економијата, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.
-Изминатиот период работевме за да го спречиме економскиот шок, целта на економскиот тим на владата е да ја заштитити ликвидноста на буџетот, но во услови на предизбори и техничка влада, предлагањето на несериозни мерки беше несериозно доколку се нема сигурност во однос на неможноста на нивно спроведување, појасни таа.
Таа рече дека било планирано издавање еврообврзница од 500 милиони евра, со овие пари требаше да се исплатат дел од старите обврски по основ на долгови, како и дефицитот на проектираниот буџет во износ од 283 милиони евра.
-Ова беше планирано за по изборите, но корона кризата не дава простор за избор, во вакви услови ударот што го очекуваме во следниот квартал и потребни се финансиски средства веднаш. Ребаланс не е потребен, бидејќи Владата ќе носи уредби и одлуки за прераспределба на финансии каде ќе биде потребно. Бидејќи за активирање на еврообврзница е потребно минимум два месеци решивме да земеме заем до еврообврзницата во износ од 400 милиони евра и рок на траење 12 месеци за сервисирање во здравството и стопанството. Исто така ќе обезбедиме заеми од странски банки со поволни услови и ќе информираме за понатамошните услови (се очекува пониска стапка од 2,75 проценти), 87 милиони евра од ММФ како и средства за развојни политики од Светска банка од околу 100 милиони евра, појасни Ангеловска.
Таа рече дека ќе бидат претставени дополнителните мерки во следниот период и дека секое работно место е важно за државата.