Вкупно 77 кривични пријави за прекршување на мерките за заштита од коронавирусот

by Fokus

Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 77 кривични пријави oд започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата до денеска. Мерките се поднесени по основ на членовите 206 и 205 од КЗ, при што дел од кривични пријави се однесуваат и на двата члена – „пренесување заразна болест“ (чл.205) и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206).

Исто така, до ОЈО доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај овие активности, секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6 662 изјави за самоизолација на наши граѓани. Притоа при извршените контроли за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1 357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ.

Поврзани новости