Ангеловска: Кај нас не се излегува на берзата или од многу знаење или од многу незнаење

by Fokus

Малата информираност и знаењето за функционирањето на берзата и за користењето на хартиите од вредност, како и последиците од здравствената, енергетската и економската криза се основните причини за неизлегувањето на македонските компании на берзата, е главниот заклучок на тркалезната маса што ја организираше Македонска берза. Сепак, учесниците на трибината посочија дека е идеално да се вклучи пазарот на капитал во финансирањето на македонските компании.

Нина Ангеловска, директор за меѓународен развој на онлајн платформата „Ananas E-commerce“, порача дека е потребно да се работи на едукација и информираност на фирмите за придобивките од берзата. Како што кажа, само 1800 компании во земјава инвестирале на ова поле.

-Кај нас не се излегува на берзата или од многу знаење што ги очекува таму или од многу незнаење. Перцепциите се ако се продава фирма дека не и оди, затоа мора многу и на тоа да работиме. Прашање е и дали има добра понуда, бидејќи сме многу мал пазар, рече Ангеловска.

Поврзани новости