Ангеловска: Директно ќе одиме на еврообврзница наместо на задолжување кај банките

by Фокус

Владата реши да се откаже од задолжување на меѓународниот финансиски пазар од 400 милиони евра и реши директно да премине на варијантата на издавање на еврообврзница, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Тој процес трае 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се излезе на тој пазар – рече Ангеловска.

Првично, планот беше да се повлечат средства и од комерцијални банки надвор од државава, покрај оние од Светска банка и ММФ, кои подоцна требаше да се покријат со еврообврзница.

Поврзани новости