Народна банка: Парите од субвенциите се на сметките на тутунарите, избегнувајте користење кеш

by Фокус

Субвенциите за тутун веќе се на банкарските сметки на корисниците. Трансакциите се успешно извршени преку македонскиот интербанкарски платен систем, којшто денес работеше за средствата да им бидат достапни на сите тутунари коишто се приматели на субвенции. Со самото тоа што средствата се исплатени на сметките, тие постојано ќе им бидат на располагање на корисниците, информираат од Народната банка.

„Заради заштита на јавното здравје, секогаш кога тоа е можно, за плаќање со средства од субвенциите да ги користите дебитните картички и да го избегнувате користењето готовина – кеш. Со тоа ќе го заштитите и сопственото здравје, и здравјето на другите. Доколку сепак, веќе имате неодложна потреба дел од добиените средства да подигнете во готовина, тоа ќе можете да го сторите на банкоматите во општината во којашто живеете, веќе во понеделник (20 април), од 16 до 23 часот. Движењето за вас, во тој период ќе биде дозволено за да ја остварите таквата потреба“, соопштија од Народната банка.

Заради заштита на здравјето, од таму велат дека граѓаните доколку имаат потреба од подигнување готовина при посета на банкомат да се придржуваат до препораките за самозаштита, односно да држат соодветна раздалеченост од другите лица коишто чекаат во редот и да користат ракавици при употреба на банкоматот.

Поврзани новости