Ангеловска-Бежоска: Треба да бидеме во чекор со постпандемичните потреби како дигитализацијата

by fokus

Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Регионалниот собир на гувернери, што се одржа во хрватскиот град Ровињ.

– Со цел да се отстранат економските лузни од пандемијата, треба да се зајакне отпорноста на економиите и да се стимулира растот на продуктивноста. Притоа, треба да се продолжи и со решавањето на претпандемиските структурни прашања, но и да се биде во чекор со постпандемичните потреби што се појавуваат, особено во областа на дигитализацијата, потенцира Ангеловска-Бежоска.

Во своето излагање, таа се осврна и на потребата од вложување во инфраструктурата, особено во информатичката инфраструктура, како основа на новата економија, со цел да се забрза дигиталната трансформација на економиите.

– Иако е очигледно дека трендот на дигитализација беше забрзан и зајакнат од здравствената криза, треба да се вложат поголеми напори за надградба на инфраструктурата, проширување на пристапот до информатичко-комуникациската технологија, промовирање ефективна и широко распространета транзиција на многу активности на дигитални платформи и затворање на дигиталниот јаз во економиите. Ова ќе ги зголеми придобивките во продуктивноста преку побрзо усвојување нови производи и процеси и ќе му овозможи на приватниот сектор непречено приспособување кон промените што ги носи здравствената криза.“ – истакна гувернерката на Народната банка.

Покрај тоа, како што посочи таа, со зголемувањето на „традиционалните“ инвестиции во транспортот, здравството и енергијата би се подобрила конкурентноста и би дошло до повеќе вработувања, со што земјите би станале поотпорни и одржливи.

Поврзани новости