Ангелов: Утре во 12 со граѓаните ќе упаднеме во МТВ

by Фокус 11:52
11:52

Ако до попладнево Јавното обвинителство не се изјасни врз основа на која одлука и кој закон забранило МТВ да емитува од прислушуваните разговори на СДСМ, тогаш нивното соопштение, на кое се повикува МТВ дека преставува забрана за пуштање на снимките во вести, ќе стане ништовно, а тоа ќе го искористи „Достоинство“ да изврши упад во МТВ утре на пладне.

Стојанче Ангелов на главниот уредник Горан Петревски му дава уште една шанса. Ако обвинителството не се изјасни за тоа дали воопшто постои одлука за забрана за емитување на снимките, тогаш МТВ ќе мора во вечерните вести денеска да објави подолг прилог за сите необјавени „бомби“ на опозицијата. Ако уредниците на јавниот сервис го игнорираат ова, тогаш утре стотици граѓани ќе упаднат во просториите на телевизијата.

Ангелов во денешната изјава потсети дека обвинителството има рок до крајот на работното време да одговори зошто МТВ кога го правда необјавувањето на прислушуваните материјали се повикува на нивно соопштение од 3 февруари кои нема никаква врска со аудио снимките на СДСМ? Ако таквото соопштение, кое се однесува на видео снимката од кабинетот на Греувски на кое тој зборува со Заев, важи како забрана за МТВ зошто не важи и за другите телевизии, па дури и за МТВ 2?

Токму несериозното оправдување на МТВ ги изреволтира членовите на „Достоинство“ кои утре помогнати со граѓани ќе извршат упад во јавниот сервис со цел да го натераат Петревски да почне да ги објавува снимките на СДСМ оти тоа е од јавен интерес, а МТВ плаќаат сите.

 

Поврзани новости