Ахмети бара потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Петков, изрази целосна поддршка за потребата за потпишување договор за добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија, без непотребни одлагања.

– Конструктивниот дијалог помеѓу нашите две земји треба да се формализира час поскоро со договорен меморандум помеѓу Скопје и Софија, без непотребни одлагања, рекол Ахмети пред Петков, соопштија од ДУИ.

Поврзани новости