Вкупно 30 години затвор за обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија

by Фокус

Вкупно триесет години затвор добија седуммината обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија. Оваа пресуда денеска беше соопштена во Основен суд Скопје 1.

Поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, доби највисока казна од 8 години и 8 месеци.

На Златко Видевски му се досудени 6 години и 8 месеци, на Софка Кушовска 3 години, на златарот Часлав Кузмановиќ судот му одреди 7 години и 8 месеци затвор, Јован Кондијанов доби 3 години, а Дарко Кржовски и Андреј Ежов по една година.

На сите во затворската казна им се пресметува и времето што го поминаа во притвор.

Роднините на обвинетите нервозно реагираа и тврдеа дека случајот е монтиран.

Поврзани новости