По распуштањето на Парламентот, претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, денеска најави протести, блокади и граѓанска непослушност во соработка со останатите политички партии вклучувајќи ја и најголемата опозициска партија.
-Како дел од опозицијата ние не само што нема да учествуваме на вакви недемократски, нефер и нелегитимни избори, туку нема да дозволиме истите да бидат поддржани, односно ќе ги преземеме сите оние активности кои што може да се преземат во било која нормална држава и ако Македонија е далеку од нормална држава во овој политички аспект, рече Ангелов.
Достоинство ги повикуваат сите политички фактори и сите слободоумни граѓани да не излегуваат на изборите на 5 јуни доколку истите се одржат бидејќи како што вели Ангелов тие дополнително ќе ја турнат Македонија во уште подлабока политичка криза.