Јакимовски: Конечно се разобличи намерата на Заев

by Фокус 20:03
20:03

Иако немавме разбирање за отстапките кои се правеа кон СДСМ, сметаме дека е добро што се толерираа, бидејќи конечно се разобличи намерата на Зоран Заев под никој услов да не одат на избори, изјави претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски. Тој рече дека неговата партија е подготвена за изборите на 5 јуни и ја поддржува одлуката на Собранието за распуштање.

-Ако Заев и СДСМ учествуваат на изборите ќе ги загубат, а потоа ќе следи смена на раководството на партијата и државата ќе продолжи да функционира во нормален тек. Понатаму, ќе нема никаква причина да испорачува барања ни до власта, ни до меѓународната заедница, и практично ќе нема никаква реална основа да ја вознемирува македонската јавност, посочи Јакимовски.

- Advertising -

 

Поврзани новости