436
По денешната пресконференција на Специјалното јавно обвинителство, со реакција за случајот „Тортура“ излезе и Стојанче Ангелов. Тој вели дека таква суровост како при апсењето на Бошкоски не е нормална.
-Луѓе кои себе се претставуваа како патриоти и наследници на историското ВМРО се однесуваат како ѕверови кон човекот кој беше министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, кон човекот кој стоеше на чело на македонската полиција во 2001-та, кон човекот кој ја бранеше Македонија , вели Стојанче Ангелов.
Тој му честиташе на Специјалното јавно обвинителство за покажаната професионалност и храброст.