ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот настап на Јанева потврди дека СДСМ нема проекти

by Фокус 17:47
17:47

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денешната пресконференција на Специјалното јавно обвинителство ја оцени како политички настап на Катица Јанева со политички конструкции.

-Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации. Сосема е очекувано дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да го нуди тоа што најдобро го умее, деструкција, манипулации и продуцирање на кризи. За разлика од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ продолжува со одговорно и отчетно работење во полза на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertising -

Од ВМРО-ДПМЕ додаваат дека додека СДСМ се занимава со подземна политика, тие реализирале вкупно 3.500 проекти.

 

Поврзани новости