Ангелов: Дојдете 10.000 да ви покажам како се руши режим за една ноќ

by Фокус

Генералот Стојанче Ангелов, вечерва, пред околу стотина граѓани се обрати на главниот влез од Македонската радио телевизија и ги повика утревечер заедно да се упатат кон Јавното обвинителство и да се спротистават на забраната за објавување на снимките од „бомбите“ на опозицијата, пренесува НОВА ТВ.

-Од вечерва ве повикувам од ова место заедно да се упатиме пред Јавното обвинителство. Тоа што таму нема никој не е важно – пораката ќе биде испратена. Утревечер во 19 часот повторно ќе отидеме пред Обвинителството, додека не се собереме барем 10 илјади луѓе. Дојдете 10 илјади да ви покажам како се руши режим за една ноќ, рече Ангелов.

Тој се осврна и на еден од разговорите кој го објави опозицијата, во кој гласот за кој се тврди дека е на Мартин Протуѓер, се заканува со убиство на жена и деца и рече дека ни ветераните на УЧК не правеле такво нешто.

-Мартин Протуѓер се заканува со убиство на жена и деца. Никогаш во мојот живот од ветераните на УЧК немам добиено ниту еднаш закана по моето семејство. Ми се заканувале мене но, не на мојата жена и на моите деца. Овој монструм се закануваше на жена и на деца. Замислете што сè друго зборувале, праша претседателот на „Достоинство“.

 

Поврзани новости