Средношколците од Битола излегуваат на марш наредната недела

by Фокус 11:18
11:18

Средношколците наредната недела ќе излезат на марш, поради незадоволството од реформите во средното образование и игнорирањето на нивните барања од надлежните институции, информиреаа тие по одржаниот Средношколски пленум, кој се одржа пред вратите на гимназијата „Таки Даскало“.

Точниот датум не беше прецизиран на синоќешниот состанок, но учениците се договорија маршот да се одржи во работен ден.

- Advertisements -

Вториот пленум се држеше пред зголемено обезбедување побарано од страна на директорот на училиштето, јавуваат пленумци. Тие посочуваат дека со истиот изговор дека пленумот не е формално регистрирана организација, директорот на СОУ „Таки Даскало“ синоќа ги известил дека воопшто не го добил нивното барање за да ослободи просторија во училиштето иако тоа уредно му било доставено од средношколците.

 

Поврзани новости