Петковски: Од Македонија се пријавиле само 328 лица за гласање на изборите во Бугарија

by Фокус
Oд една страна имаме впечаток на бугарските власти за кршење на правата на македонските граѓани што се декларираат како Бугари, но од друга страна имаме одлука на надлежен Европски суд дека правата на Македонците во Бугарија реално се кршат – вака лидерот на НСДП Тито Петковски реагира откако денеска бугарскиот претседател Румен Радев организирал средба со експерти за односите меѓу Бугарија и Македонија.
„Колку е некоректен и неевропски ставот на Бугарија кон Македонија и Македонците говори фактот што за гласање на претстојните парламентарни избори во Бугарија од Македонија се пријавиле се на се 328 лица, според официјалниот извештај на бугарската Централна изборна комисија. Ова сакам да го ставам на увид на македонската, бугарската и европската јавност за тоа кој го кочи развојот на бугарско-македонските односи и кој шири говор на омраза“, напиша Петковски на фејсбук.

Поврзани новости