Лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Аргумент плус“ вели дека ако поради неколку тупаници зад кои што има криминална позадина доживеавме ваков скандал кој што негативно се одрази на односите меѓу Бугарија и Македонија, замислете што би се случило доколку има напад на повеќе лица или меѓусебна тепачка.
„Доволно ќе биде на чествувањето на роденденот да бидат удрени, истепани и нападнати неколку лица од Бугарија, не треба повеќе. Ако ние овде поради неколку тупаници зад кои што има криминална позадина доживеавме ваков скандал, замислете што би се случило доколку има напад на повеќе лица или меѓусебна тепачка.
Нашето МВР и полиција е повеќе од доволно спремно само да се справи со сите проблеми на гробот на Гоце Делчев. Нашите специјалци одржуваат јавен ред и мир кога имаме десетици илјади бесни демонстранти. Проценка на премиерот и министерот дали од политички аспект би било корисно доколку би дошле бугарски полицајци. Можеби од пропаганден аспект би имало позитивно влијание, но од безбедносен аспект не се неопходни, рече Ангелов во емисијата .