Гир: Ова беа неколку тешки недели и за Северна Македонија и за Бугарија

by Fokus

Се надевам и секако очекувам дека ова ќе биде можност за двете земји да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, можност за дијалог и зголемено меѓусебно разбирање и почит, смета амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

Тој во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, околу најавите за тоа дали ќе има тензии, инциденти и несакани случувања на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече дека ова биле тешки неколку недели, но дури и во тој период, значајно е дека имало постојани контакти меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Добрососедските односи се во интерес на сите. Видовме контакти на ниво на премиери, министри за надворешни работи и за внатрешни работи. Тоа е духот кој треба да се негува во ова одбележување“,рече Гир.

 

Поврзани новости