Андов: Заев, Бучкоски и Малески ни прават штета во бугарскиот спор!

Од нивните изјави потекнува заблуда и јалова надеж на македонскиот народ дека Бугарија во рамките на ЕУ се подредува на европската политика на Унијата, а всушност Бугарија ја минира, пишува тој во колумна во неделникот Фокус.

by Фокус

Стојан АНДОВ

Сегашната политика на Бугарија водена од претседателот Румен Радев, кој инаку е следен од Бојко Борисов, Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, ја спроведуваат упорно политиката на Санстефанска Бугарија, поддржани и од рускиот претседател Владимир Путин.

Остварувањето на оваа своја политика, бугарската влада го заснова на своето неприкосновено право на вето во рамки на Европската Унија. Голема штета на Република Северна Македонија ѝ нанесуваат илузиите што ги шират луѓето како Зоран Заев, како бивш премиер и бивш претседател на политичката партија СДСМ и универзитетските професори Владо Бучковски и Денко Малески.

Од нивните изјави потекнува заблуда и јалова надеж на македонскиот народ дека Бугарија во рамките на ЕУ се подредува на европската политика на Унијата, а всушност Бугарија ја минира европската политика и нејзиното проширување на јужен Балкан.

Од овие заблуди, на кои подлегнуваат спомнатите политичари, треба да се чува сегашниот лидер на СДСМ и веројатно иден премиер Димитар Ковачевски. На овие околности треба многу да внимава и министерот за надворешни работи, младиот Бујар Османи.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости