Апсење во Гостивар

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, 31-годишен гостиварец бил уапсен во градот поради доиздржување на затворска казна.

„На 11.01.2022 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„ЈНА“ во Гостивар го привеле Ј.Е. (31) од Гостивар, по издадена наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово. Тој се барал за доиздржување на казна затвор во времетраење од 11 месеци. Ј.Е. е спроведен во КПУ Затвор во Куманово за доиздржување на затворската казна“, велат од МВР.

Поврзани новости