465
Стојан Андов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој лично смета дека не треба да има референдум за евентуалното решение за спорот за името.
-Референдум може да има заедно со договорот што ќе биде таму постигат, а крајна цел да биде влез во НАТО и ЕУ. Јас сметам дека не треба да има референдум, но тоа е ветување и на двете партии, рече Андов.
И Имер Селмани смета дека ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да избегаат од референдум затоа што и двете го ветиле во своите програми.