Андоновски: За пет месеци на Клиниката за Гинекологија починале 61 бебе

by Fokus

За само пет месеци на скопската Клиника за гинекологија починале 61 новородено бебе односно 30 отсто од вкупниот број на новороденчиња, пренесува А1он.

– Ова е нов, неславен рекорд за Македонија каде во последните неколку години ваквките црни статистики се во пораст. Алармот беше вклучен минатата година кога во периодот од јануари до октомври починале вкупно 206 бебиња. И покрај ваквата ситуација надлежните државни институции се уште не преземаат ништо во врска со намалување на бројките на смртност кај новороденчињата за кои најверојатно не е запознаена Светската здравствена организација – истакна педијатарот Ангелчо Андоновски.

Според него, фрапантни се моменталните бројки за починатите бебиња, кои заклучно до 4 мај оваа година се 61 умрено бебе.

Поврзани новости