ЛДП: Односот на Иванов кон Алтхаузер е непромислен и вулгарен

by Fokus 12:34
12:34

Во интервју на една од провладините медиуми, Ѓорѓе Иванов истакна дека „амбасадорката на Германија испраќала лажни информации за состојбите во РМ“ и дека „нејзиното ниво е навреда за земјата“, реагираа од Леиберално демократската партија, од каде што велат дека со голема индигнација и срам ги проследиле навредите на шефот на државата упатени кон германската амбасадорка, Кристин Алтхаузер.

– Ова е прв пат во историјата на македонската дипломатија еден претседател на државата да упати такви големи и непресметливи навреди за амбасадор од една од најмоќните држави во Европа и пошироката меѓународна заедница. Навредливите зборови на Иванов се навреда и за канцеларката Ангела Меркел, но и за народот на Германија, инаку една од најблиските економски и политички партнери на Македонија – се наведува во партиското соопштение.

- Advertisements -

Според нив, овој непромислен и вулгарен истап на Иванов не е прв кога се работи кон критикувањата на државите на ЕУ и САД. Тој уште еднаш го покажува анимозитетот кон Европа и европските вредности, несвесен дека и натаму е најголем фактор на нестабилноста во Македонија и регионот –

Поврзани новости