ЛП: Очекуваме длабоки реформи и вистинска пресметка со криминалот

by Fokus

Либералната партија го поздравува доделувањето на мандатот на Зоран Заев како кандидат за премиер од парламентарното мнозинство, и очекува брзо и ефикасно формирање на новата влада.

– Целокупната демократска јавност во Македонија и нашите пријатели во меѓународната заедница очекуваат длабоки реформи и вистинска пресметка со криминалот и корупцијата во сите пори на општеството. Владеењето на правото, економскиот прогрес и политичката стабилност, како приоритети за граѓаните, ќе ги забрзаат интеграциите во ЕУ и НАТО“ – се наведува во соопштението од ЛП.

Поврзани новости