Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски, денеска учествуваше на конференција организирана од „LEAD – Law Enforcement against drugs and violence“ во Атланта, САД, на која учествуваа конгресмени, претставници на државни институции, судии, обвинители, претставници на специјалните агенции за спроведување на законот и од полицијата.
Андоновски беше единствениот странски претставник на овој дводневен настан.
Во своето излагање, тој се осврна на проблемите со владеењето на правото, корупцијата и организираниот криминал, неказнивоста и поделената одговорност на законодавната, извршната и судската власт.
Граѓаните, според него, немаат доверба во институциите, и затоа тој побара поддршка од САД во борбата против организираниот криминал и корупцијата, владеење на правото, реформи на правосудниот систем и поддршка во делот на образованието.
-Македонија од земја транзит, стана и земја производител на дрога, која ја уништува иднината на државата, а тоа се младите, рече Андоновски.