Андоновски: Не можам да си поверувам дека во третата декада од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје

by Fokus

„Не можам да си поверувам дека во третата декада од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците“.

Ова денеска го изјави Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел дискусија насловена „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.

Тој најави дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат од надзорните и управните одбори на ЈП „Дрисла“ да покренат постапка против директорот.

Додаде дека градоначалничката Арсовска влегла во клановска битка со политичка партија и во рамки на таа битка одлучила да брка луѓе од работа од „Комунална хигиена“.

Андоновски вели дека иако градоначалничката јавно се пофалила дека издвојувала победа и Скопје е чисто, но во обиколката кој тој ја направил денеска, забележал дека се уште контејнерите покрај булеварите не се чисти.

„Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистатат споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е се уште присутна“, рече Андоновски.

 

 

Поврзани новости