Андоновска: Претепан пациент на Клинички, власта крие

by fokus

Резултатот од катастрофалните политики на антиреформската влада на СДС и неспособниот министер за здравство Таравари веќе јавноста го гледа, а пред некој ден во Клиниката за кардиологија се случи невиден скандал, претепан беше пациент, во болничка соба, во болнички кревет, обвини денеска Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Хаосот во здравството го чувствуваат пациентите. „Откако го промени директорот на клиниката за кардиологија, реномираниот доктор Сашко Кедев и на негово место го именуваа Беким Поцеста, клиниката за кардиологија од здравствена установа се претвори во дувло за насилство. Пациентите со право прашуваат дека во здравствените институции сега освен за своето здравје треба да стравуваа и за својот живот и да не станат жртви на насилници, вели Андоновска.

Таа обвинува дека Клиниката за Кардиологија, министерството за здравство и Владата на СДСМ се обидуваат да го заташкаат овој случај и затоа молчат.

Поврзани новости