392
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти по натпреварот со Болоња во 19. коло на шампионатот во Италија (3:2), рече дека резултатите на неговиот тим се добри, но не се видливи во однос на лидерот и шампион Јувентус.
„Се движиме во вистинската насока. Покажуваме добри резултати, но тие не се паѓаат во сенка на одличниот Јувентус. Мораме да бидеме оптимисти, бидејќи сме поблиску до врвот отколку до петтото место. Ние направивме се што можевме во Лигата на шампионите, но овој тим сè уште немаше време да го достигне својот полн потенцијал. Можеме да играме подобро и ќе се подобриме“, изјави Анчелоти.
Наполи го зазема второто место на табелата во Серија А со 44 бода, девет помалку од Јувентус.