27 тужби поднесени до Управниот суд против одлуките на ДИК

by fokus

Вкупно 27 тужби се поднесени до Управниот суд ноќеска од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, информираат од судот за МИА. Рокот за поднесување тужби истекува во 11 часот.

Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ и тоа 24, две ТМРО и една е од Левица.

Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.

Поврзани новости