Американците го испратија запленетото иранско оружје во Украина

by Fokus

Соединетите Американски Држави и испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти вчера американската војска.

Со години, американската морнарица запленувала оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците во Јемен поддржани од Иран, а обично се транспортира со рибарски чамци.

Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм. Муницијата – која потекнува од иранската револуционерна гарда и е наменета за силите на Хутите во Јемен – беше запленета од американската морнарица во декември 2022 година.

„САД се посветени да работат со нашите сојузници и партнери за да го запрат протокот на иранска смртоносна помош во регионот со сите законски средства, вклучително и санкции и забрани од САД и ОН“, се вели во соопштението на Централната команда.

 

Поврзани новости