Ги покачивме платите на наставниот кадар за 55 проценти, велат од СДСМ

by Fokus

СДСМ во изминатите шест години сериозно инвестира во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес, велат од партијата.

„Платата на наставниот кадар во изминатите шест години владеење на СДСМ е покачена за 55 отсто.

Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.

Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети“, истакнуваат од партијата на власт.

СДСМ, како што додаваат, работи на достоинствено вреднување на трудот на наставниците, создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред.

Поврзани новости