Американскиот Универзитет на Европа-ФОН (АУЕ-ФОН) инвестира повеќе од 5 милиони евра во подобро образование за своите сегашни и идни студенти. Како дел од инвестицијата, Универзитетот студиската 2021/2022 година ќе ја започне во новиот дел од административната зграда со површина од 17 000 метри квадратни, којшто беше промовиран денеска. Новиот дел од зградата е опремен со најсовремени кабинети, предавални, амфитеатри, лабаратории, библиотека, спортски сали, вклучувајќи го дополнително и студентскиот дом, којшто во целост е уреден според најсовремените светски стандарди.
„Со инвестицијата од над повеќе од 5 милиони евра, ние вложуваме во иднината на нашите генерации. Нашата инвестиција како приватен универзитет ќе придонесе за подигање на образованието на едно понапредно ниво, затоа што младите заслужуваат да имаат високо квалитетно образование“, истакна Фијат Цаноски, оснивачот и сопственикот на АУЕ, на свеченото отворање на новите простории на Универзитетот. Тој додаде дека инвестицијата на приватниот универзитет АУЕ-ФОН, значи нè само подобри услови за работа или учење на академскиот кадар и студентите, туку дека вложувањето претставува двигател во иновациите и држење чекор понапред со стандардите за едукација кои што ги поставуваат светски познатите универзитети.
„Инвестициите во приватното образование ќе ја зголемат перспективата на младите луѓе, ќе се креираат нови вредности за студентите и ќе се зголеми конкуренцијата, со што идните генерации ќе ја формираат берзата на трудот, според потребите на современото живеење“, потенцираше Цаноски.
Првиот приватен универзитет АУЕ-ФОН, покрај обезбедување на современи услови за престој и учење на своите студенти, ќе го збогати и својот академскиот кадар и менаџерскиот тим со искусни експерти кои своето образование во целост го стекнале или работеле на универзитети низ САД. Aмериканскиот модел на студирање е докажан сгодини наназад ширум светот, тој е подостапен, персонализиран, пофлексибилен и во фокусот го става студентот. Ваквиот систем на образование ќе биде само додадена вредност за Република Северна Македонија и регионот.
Во рамките на промоцијата на новите простории на АУЕ-ФОН, денес се оддржа и изложба на студенти од Факултетот за дизајн и мултимедија, на која беа презентирани нивните дела. Во истовреме, беа доделени и дипломи на студентите коишто го завршиле своето образование и се прогласија најдобрите студенти на Универзитетот. Ангела Упеска, студент на втор циклус на студии од Факултетот за правни и политички науки е првенец за академската 2019/2020 година и Никола Данаиловски, студент на прв циклус на студии од Факултетот за дизајн и мултимедија е најдобар студент за академската 2016-2017 година на АУЕ-ФОН Универзитетот.
Ректорот на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, професорот д-р Мирко Трипуноски на младите дипломци кои штотуку го завршија своето образование им посака успешна кариера и изрази уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и да го имплементираат знаењето и искуството, стекнати на универзитетот во својот иден професионален ангажман.
ПР текст