Американски дипломати си заминуваат од амбасадата во Москва

by fokus

Три автобуси со американски дипломати кои се протерани од Русија рано утрото ја напуштија Амбасадата на САД во Москва, јавија локалните медиуми.

Десетици американски дипломати и нивните семејства го напуштија објектот на Амбасадата на САД и се упатија кон аеродромот.

Русија претходно соопшти дека ќе протера пропорционален број дипломати од сите држави кои применија таква мерка кон руски дипломатски персонал поради случајот со труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.

Москва соопшти дека протерува 60 американски дипломати и затворање на Конзулатот во Санкт Петербург како реципрочен одговор на слична мерка на САД.

Фото: „Скај Њуз“

Поврзани новости