Американската држава Јута ја декриминализира полигамијата

by Fokus

Сенатот во американската држава Јута едногласно одлучи да ја декриминализира полигамијата кај возрасните.

Според досегашниот закон – на секој за кој е докажано дека има повеќе од една сопруга, му се закануваше затвор до пет години.

Застапниците на декриминализацијата тврдат дека тоа ќе ја намали тајноста на заедниците кои го практикуваат обичајот и ќе им олесни жртви да пријават злоупотреба.

Новиот закон исто така треба да биде одобрен од Претставничкиот дом на Јута.

Сепак, принудната полигамија ќе се третира како кривично дело.

Се верува дека повеќе од 30 000 луѓе живеат во полигамија во таа држава, пренесуваат американски медиуми.

Јута е дом на мормонската црква која во своите почетоци ја прифати полигамијата, пред да ја забрани во 1890 година.  Денес, Мормоните го екскомуницираат секој што практикува полигамија, но многу фундаменталисти од таа религија и понатаму го прават тоа.

Иако бракот со повеќе лица неше нелегален според законот во Јута, официјалните лица на таа држава во голема мерка се определија за неказнивост.

Во 2001 година, полигамистот Том Грин стана првиот маж осуден за брак со пет жени, во текот на повеќе од половина век. Тој подоцна беше осуден за силување малолетничка, бидејќи една од неговите сопруги останала бремена на 13-годишна возраст.

Поврзани новости