Руската полиција уапсила маж откако тело, откако во близина на рускиот град Нижни Новгород било пронајдено телото на исчезнатата Американка, Кетрин Сероу.
Триесет и четиригодишната Сероу се водела како исчезната откако влегла во неидентификуван автомобил, а последниот вид на комуникација била СМС пораката која и ја испратила на мајка и: -Во автомобил сум со странец. Се надевам дека не сум киднапирана.
Руските истражители навеле дека уапсениот маж има дебело досие со посебно тешки злосторства.
Сероу е поранешен американски маринец, служела во Авганистан, а во 2019 година се преселила во Русија за да ги заврши мастер студиите по право на државниот универзитет Лобачевски. Живеела во предградието на градот, кој се наоѓа на 420 километри од Москва.
Нејзината мајка Беки Сероу рекла дека брзала да се врати на клиниката каде не и поминала уплатата и дека е можно да стопирала поради тоа. Американската амбасада ја потврди нејзината смрт и соопшти дека ја следи истрагата на руските органи.