Опозицијата бара власта да го објави предлогот што го понудиле во Бугарија

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта јавно да го објави предлогот што го понудиле во Бугарија за јавноста да види што навистина предлагаат.

– Но имајќи предвид дека не го објавуваат во јавноста уште еднаш потврдуваат дека одат на газење на македонските национални интереси, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нивните информации овој предлог бил на петнаесетина страници, но Николоски тврди дека друго ништо не знаат бидејќи власта не ја информира опозицијата за преговорите со Бугарија.

– Во Република Бугарија Владата ги информира сите политички партии во однос на преговорите и сите политички субјекти се добро информирани, додека во Македонија Владата ги крие најважните и најголемите прашања кои ги интересираат граѓаните на Република Македонија, затоа што не се поволни за Македонија, истакна Николоски.

Тој го предупреди премиерот Зоран Заев да не помислува да си игра со националниот идентитет, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја.  Порача дека доколку се случи национално предавство тие ќе го повикаат народот на улиците, со цел како што рече, да се спречи тоа национално предавство.

Поврзани новости