Америка ќе и испрати воена помош на Украина од милијарда долари

by fokus 21:27
21:27

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска информираше дека на Украина ќе ѝ испрати уште еден пакет воена помош, во вредност од милијарда долари или 980 милиони евра.

Станува збор за најголемата испорака на оружје за Украина од американските резерви.

Пакетот вклучува дополнителна муниција за ракетните системи од типот ХИМАРС, како и артилериска муниција, минофрлачки системи, противтенковски ракетни фрлачи и 50 оклопни медицински транспортери М113 и опрема.

Со тоа, вкупната вредност на американската воена помош за Украина ќе изнесува околу девет милијарди долари или 8,8 милијарди евра.

Поврзани новости