598
Пратеникот Амди Бајрам попладнево бил нападнат во Градскиот трговски центар, по што бил пренесен во болница. Бајрам на лекарите им се пожалил дека е удрен во градите и во грбот.
Напаѓачот е уапсен и донесен во полициската станица во Центар, велат од МВР. Амди Бајрам пак, за телевизија Канал 5 изјави дека напаѓачот бил член на обезбедувањето на Зоран Заев.
-Тој самиот ми се претстави дека е од обезбедувањето на Заев и почна да ми се заканува, по што дојде до инцидентот, тврди пратеникот.