НАТО бара слобода на медиумите и преземање одговорност

by Фокус 19:07
19:07

Премиерот Никола Груевски, денеска во Брисел, се сретна со Генералниот секретар на НАТО,  Јенс Столтендерг, кој му порача дека е неопходна слобода на медиумите,слободна опозиција,независна истрага и преземање одговорност за да може да се излезе од кризата,а сите тие се демократски вредности кои секој кандидат за членство треба да ги споделува.

Столтендерг истакна дека Алијансата е загрижена за состојбата во Македонија, но не сакаше да ги коментира тврдењата на Груевски дека прислушувањето го вршела странска служба.

- Advertisements -
Banner 300x250_

-Не можам да коментирам наводи дека евентуално странски служби прислушувале во поранешната југословенска Република Македонија. Ја потенцирав потребата од слобода на медиумите, од давање добри работни услови за опозицијата. Тоа се демократски вредности кои мора да се почитуваат од страна на сите вклучени страни. Ја нагласивме важноста од независна и целосна истрага околу сериозните тврдења, како и потребата тие коишто се одговорни да одговараат за она што се случило, рече Генералниот секретар на НАТО.

Тој додаде дека НАТО ќе продолжи да ја следи состојбата во Македонија и ги повика политичките субјекти да се однесуваат одговорно. Го повтори ставот дека Македонија не може да стане членка на Алијансата сè додека не го реши прашањето за името со Грција.

 

 

Поврзани новости