Директорката на Домот не ја негира автентичноста на снимката

by Фокус

Директорката на Домот за деца без родители „11 октомври“, Ристенка Атанасова, во изјава за НОВА, не ја негираше автентичноста на снимката во која таа му кажува на министерот Миле Јанакиески колку деца од Домот ќе одат да гласаат, како што се вели во снимката, „за Груевски“, но смета дека во објавениот разговор нема ништо спорно.

-Нешто сакаше да се изврти. Во изјавата никаде не стои дека децата ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, туку да излезат да гласаат што е нивно законско право, а ние им помагаме финансиски за да дојдат да гласаат, изјави директорката Ристенка Атанасова за НОВА.

Таа вели дека нема ништо спорно во тоа што разговарала со министер од владејачката партија за тоа кој ќе оди да гласа и вели дека и да и се јавеле од СДСМ ќе го направела истото.

Поврзани новости