Амбасадите на Израел, Египет и на САД во Атина добиле дојави за бомби

by Fokus

Амбасадите на Израел, Египет и Соединетите Американски Држави во Атина добиле дојава за подметнати бомби, јавуваат грчките медиуми.

Според Катимерини, непознати лица се јавиле во неколку редакции на грчките телевизии, предупредувајќи дека во 11:30 часот ќе експлодираат бомби во амбасадите на САД, Египет и Израел.

Припадниците на Одделот за уништување експлозивни направи се на терен.

Поврзани новости