421
„Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавноста? Транспарентноста е клучна за секоја институција“. Вака денеска се огласи Амбасадата на САД по одлуката на Уставнито суд да ја затвори денешната седница за јавноста.
Одлуката за затворањето на седницата беше објавена вчера на веб страницата на судот, но не е нема образложение зошто и кој одлучил да се забрани присуство на новинарите.
Пред почетокот на седницата утринава новинарите побараа судот писмено согласно со процедурата да образложи што е тоа што ги спречува седницата да биде отворена за јавноста, но не добија објаснување. На новинарските повици не одговараше ниту портпаролката на судот.