Кирацовски ќе прати инспекција во институциите кои праќале вработени на контрапротест

by Фокус

Во сите инситуции за кои имам информации дека вработени во јавниот сектор се вадат од работа за да одат на контрапротест ќе испратам управна и трудова инспекција, рече денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. Тој порача дека институциите на системот мора да ја почитуваат волјата на граѓаните, а тоа подразбира и Уставниот суд, и кадрите кои раководат со партизираните институции од страна на власта на Никола Груевски.

– Според информациите со кои што располагам, вчера и денеска вршени се огромни притисоци врз вработени во јавниот сектор особено во општините, училиштата и јавните претпријатија, како и вработените во државните претпријатија. Притисоците се вршени лично од страна на директорите и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. На вработените им е наложено со директиви од нивните партиски шефови и со закани дека ќе останат без работа, да отидат на контра протестот пред Уставниот суд. Тоа се случува во Битола, Прилеп, Штип, Крушево, Кочани, Крива Паланка, Охрид и други општини, од каде од утрото се тргнати автобуси организирани од власта на ВМРО-ДПМНЕ. За партиски цели, вчера беше злоупотребена општинската администрација од општините Кисела Вода и во Карпош – рече Кирацовски.

Поврзани новости