504
Амбасадата на САД во Македонија му го честиташе изборот за премиер на Зоран Заев и изборот на нова Влада.
-САД им честита на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на нова влада во Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение очекува да работи со новата влада за исполнување на евро-атлантските аспирации на земјата за спроведување на итните реформи со кои ќе се зајакне владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите, и отчетноста на владата, пишува во објавата.