Шилегов, Кирацовски и Атанасов на чело на 3 собраниски комисии

by Фокус 11:00
11:00

Пратениците од СДСМ, Петре Шилегов, Александар Кирацовски и Петар Атанасов ќе бидат претседатели на три собраниски комисии, кои треба да бидат екипирани на денешната парламентарна седница со почеток точно на пладне.

Според предлог-одлуката на Комисијата за избори и именувања, птпишана од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов е предложен за претседател на Законодавно-правната комисија, Кирацовски на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, а Атанасов на комисијата за образование.

- Advertisements -

Во наредите денови, како што најавуваат од двете најголеми политички партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги формираат и другите парламентарни тела.

Поврзани новости